Младата репрезентација на Македонија (до 19 години) од вчера па до понеделник, ќе одржи тренинг камп во Кичево на кој ќе се темпира формата за претстојните квалификации во октомври.
Во рамките на подготовките во Кичево, македонските фудбалери ќе одиграат две контролки против младиот тим (до 19 години) на Струга ТЛ, на градскиот стадион во Струга, на 5 и на 8 септември, од 16 часот.
Селекторот Вујадин Станојковиќ, за овој тренинг камп ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Славе Вргов (А.П. Брера), Амар Хаџибулиќ (Работнички), Спаско Ахтаров (Беласица-
ОДБРАНА: Нуман Ајетовиќ (Новаци), Габриел Крстевски (Пелистер), Наим Синанов (Варнамо, Шведска), Андреј Велков (А.П. Брера), Бојан Ивчески (Победа), Андреј Љубевски (Работнички), Адриан Незир (Арминија, Германија)
СРЕДЕН РЕД: Никола Манојлов (Работнички), Матеј Гаштаров (Црвена ѕвезда, Србија), Давид Ристовски (А.П. Брера), Милот Синани (Арау, Швајцарија), Урон Алили (Елбасани, Албанија), Дарко Сековски (Вардар), Алмир Подграѓа (Работнички)
НАПАД: Димитар Данев (Работнички), Адмир Љатифи (Беса), Стефан Младеновски (Црвена ѕвезда, Србија), Андреј Силјаноски (Пелистер), Веби Ислами (Шкендија), Чагри Федаи (Генчлербирлиги, Турција)