Шпанскиот тенисер Рафаел Надал долго беше надвор од големите турнири, а на почетокот од новата година, тој се враќа на терените.
По тој повод, првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, му испрати порака на неговиот ривал, пред се колега и пријател Надал.
Српскиот тенисер на Инстаграм му напиша на Рафа Надал „Добредојде назад“, со што му посака се најдобро во новата 2024 година.
На почетокот, Рафа Надал имаше пресметка против Доминик Тим, која успешно ја мина со 2:0 во сетови и се надева на уште подобар резултат во иднина.
Двајцата тенисери во моментот се во Бризбејн, каде фаќаат залет за големото случување, Австралија Опен.
Турнирот во Мелбурн за Рафа Надал ќе биде голем тест дали и колку може да оди напред сезонава, која по се изгледа, ќе биде неговата последна.