Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се соочува со нова повреда на грбот и, како што пренесуваат медиумите од Шпанија, не е исклучено да ја продолжи паузата за уште неколку недели.
Каталонскиот весник „Спорт“ повикувајќи се на свои извори, наведува дека освојувачот на 22 грен слем титули би можел да отсуствува уште шест недели од терените, што значи дека покрај Мастерсот во Монте Карло, би ги пропуштил и турнирите во Мадрид и во Барселона.
Надал би можел да се врати на терените на Мастерсот во Рим, што започнува на 6 мај. Две недели подоцна започнува Ролан Гарос, турнир на кој Рафа има победувано дури 14 пати.