Начо Фернандез се пресели во Ал Кадисија во Саудиска Арабија

Клубот од Саудиска Арабија официјално го објави трансферот на шпанскиот репрезентативен дефанзивец. Начо го напушти Реал Мадрид како слободен играч по 23 години минати во мадридскиот клупски систем.

Беше објавено дека договорот на Начо со Ал Кадисија е на 2 години, а за тоа време Шпанецот ќе заработи околу 20 милиони евра.

Начо беше дел од системот на Реал Мадрид од 2001 година. Тој забележа 364 настапи за првиот тим и освои 26 титули, вклучувајќи 6 пехари во Лигата на шампионите и 4 трофеи во Ла Лига. Минатата сезона дефанзивецот одигра 45 натпревари за Реал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО