Начо Фернандез го напушта Реал Мадрид по повеќе од две децении

Реал Мадрид, актуелниот првак на Европа, денеска го објави заминувањето на капитенот, Начо Фернандез по 23 години минати во шпанскиот фудбалски гигант.

Тој и Лука Модриќ се рекордери според бројот на освоени трофеи во Реал, вкупно 26. Тука спаѓаат шесте титули во Лигата на шампиони (ЛШ), четирите трофеи во Суперкупот на УЕФА пет клупски Светски првенства (СП) на ФИФА итн.

– Откако пристигна во нашата младинска академија како дете, Начо беше пример за сите и ја заслужи наклонетоста, признанието и восхитот од сите во Реал Мадрид. Реал е, и секогаш ќе биде негов дом, изјави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Начо и се приклучи на академијата на Реал Мадрид кога имаше само 10 години, во 2001 година и не играше за ниту еден друг клуб. На 364-те натпревари за Реал, 34-годишниот дефанзивец постигна 16 гола и имаше 10 асистенции.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО