Потврдата за квалитетот на нашата ракометна судиска двојка е потврдена со уште едно учество на ЛОИ, овој пат во Париз.Шеснаесет судиски парови се делегирани да судат на Летните олимписки игри во Париз, а очекувано на списокот се о нашите претставници, најдобра судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Начевски и Николов ќе бидат дел од најголемиот спортски настан оваа година заедно со уште неколку судиски парови од регионот односно Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.
Ракометниот турнир започнува на 25 јули, финалините натпевари се планирани за 10 и 11 август. Натпреварите од нокаут фазата во двете конкуренции ќе се играат на стадионот „Пјер Моруа“ во Лил.