Многу од украинските спортисти, овие нецели две години, решија спортската униформа да ја заменат со војничка и да заминат некаде на фронтот.
Со слично убедување до пред извесен период беше и фудбалерот на Арсенал, Олександр Зинченко, кој иако го најави тоа, не го оствари.
– Би заминал да се борам за мојата земја Украина, беше коментарот на Зинченко од пред една година, а на тоа, францускиот фудбалер Серж Орие, имаше интересен одговор.
– Прекини тогаш со својата претстава и оди веднаш таму (во Украина), вистинските доброволци не чекаат некој да ги повика, порача Орие.
Можеби Зинченко навистина има такви намери, па останува само да се види дали ќе го направи тоа што го вети.