Тренингот во реката Сена за пливачкиот натпревар на отворени води е откажан бидејќи водата била несоодветна за пливање, објавија организаторите на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Ова е петти откажан тренинг во Сена, од почетокот на ОИ, откако првите четири беа за триатлон
Не беше наведена причина за одложувањето, но се објасува дека повеќе информации ќе бидат достапни подоцна во вторник. Состанокот на лидерите на тимовите и брифингот на тренерите ќе продолжат според планираното.
За да можат спортистите да пливаат во реката, организаторите внимателно следат две нивоа на фекална бактерија.
Француските власти потрошија 1,4 милијарди евра за надградба на канализациониот систем во главниот град, ветувајќи дека реката ќе биде доволно чиста за жителите да безбедно да пливаат во неа. За четврток и петок се закажани пливачки маратонски трки за жени и мажи.
Неодамна се појави информација дека Белгијката, Клер Мишел завршила во болница. Таа се заразена со бактерија, која предизвикува проблеми со желудникот и цревата.
Причина за болеста може да биде и загадената Сена. На истите проблеми се пожалија уште неколку спортисти во Париз. Меѓу нив е и швајцарскиот триатлонец, Адриен Брифорд, кој пливаше во реката.
Норвешкиот триатлонец Ветле Бергсвик Торн се разболел 24 часа по пливањето во Сена.
– Го мислиме тоа што мислат сите, дека е поради пливањето во река, но не сме сигури. Можеби е од реката, можеби е од храната. Лекарот остава можност дека е можно и труење со храна, изјави Торн.