Капитенската лента на Германија, која Илкај Гундоган ќе ја носи на Европското првенство (ЕП) 2024, ќе биде во националните бои, објави Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) во пресрет на тест натпреварите против Украина и Грција следната недела, и пред почетокот на ЕП на14 јуни, чиј домаќин се Германците.
На претходниот континентален шампионат капитенската лента на Бундес тимот, која ја носеше Мануел Нојер, беше во боите на виножитото, што предизвика сериозни контроверзи.
Прашањето ескалира на Светското првенство (СП) 2022 година во Катар, кога ФИФА ја забрани лентата „Една љубов“ која неколку тимови, вклучително и Германија, сакаа да ја носат, заканувајќи се со спортски санкции, а среде дебатата, тимот испадна во групната фаза.
Поради сево ова, Германскиот фудбалски сојуз уште лани одлучи капитенската лента да биде во националните бои, црна, црвена и жолта.