На иницијатива на навивачите, управата на Атлетико Мадрид од следната сезона ќе го промени изгледот на клупскиот грб. Атлетико со сегашниот грб на дресовите ќе игра вопоследното коло сезонава, против Реал сосиедад, а од следната сезона ќе го врати стариот грб од 2017 година.
Атлетико има 139.000 членови, а во гласањето учествувале 78.000 од нив. Раководството на клубот на тој начин им дозволи на навивачите да одлучат кој грб сакаат да го носи нивниот клуб.
Управата ќе ја почитува нивната волја, но напоменува дека летово ги очекува скап, сложен процес на промена на грбот на сите можни материјали, дресови, лиценци, интернет-страници итн.
Атлетико сезонава ја заврши на четвртото место во шпанската Ла лига, па мечот со Сосиедад во последното коло ќе биде формалност.
Recent Evolution of the Atlético Madrid Crest pic.twitter.com/dQmOMsKbzu
— Footy Headlines (@Footy_Headlines) October 2, 2023