Еверт: Швјатек може да го надмине мојот рекорд на Ролан Гарос

Легендарната американска тенисерка, Крис Еверт смета дека нејзиниот рекорд од седум титули на Отвореното првенство на Франција, на Ролан Гарос, може да го надмине Ига Швјатек од Полска.

– Апсолутно. Ига е играч со мисија, таа е многу фокусирана, воопшто не се вознемирува и кога губи. Таа ги има сите особини на шампион, вели Еверт во интервјуто за Асошијтед прес (АП).

Швјатек која беше бр. 1 на ВТА ранг-листата во поголемиот дел од последните две години ќе атакува на четвртата титула на Ролан Гарос, односно на петтиот грен слем трофеј во кариерата.

Швјатек (22) се смета како фаворит за триумф на турнирот во Париз што почнува во недела. Таа ќе се обиде да стане првата жена што победила трипати по ред на Ролан Гарос, по Белгијката Жастин Енан, од 2005 до 2007-та.

Како поткрепа на фаворитската улога на Швјатек се победите на последните два турнира на земјена подлога, во Мадрид и во Рим, првата по Серена Вилијамс која тоа го направи пред 11 години.

– Мислам дека Ига е најдобрата од сите тенисерки таму. Изгледа како да нема некои поголеми мани во нејзината игра, истакнува Еверт, која доминираше на Ролан Гарос во 1970-те и 1980-те години и кариерата ја заврши со 18 грен слем титули, исто толку колку и нејзината голема ривалка, Мартина Навратилова.

Швјатек која годинава освои четири турнирски титули и има 38-4 победи/порази, е многу силна и ментално, за што заслуги има и Дарија Абрамович, спортскиот психолог кој патува со неа и постојано е присутна на натпреварите и на прес-конференциите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО