Кога минатата година по осум години ја напушти Англија, сите жалеа по него. Него ретко кон не го сака и не го почитува, бидејќи секогаш е на вистинското место на теренот и дава се’ од себа за тимот
Сттанува збор за францускит репрезентативец, Н’ Голо Канте кој можеби следната година повторно ќе игра во Премиер лигата!
Новинарот на весникот „Гардијан“, Вил Анвин ја лансираше веста за потенцијалното доаѓање на Н’ Голо Канте (33) во Вест хем, во трансфер вреден меѓу 23 и 25 милиони евра!
Саудискиот Ал Итихад сигурно не би бил задоволен од оваа работа, иако би можел добро да заработи со оглед на тоа што Французинот дојде кај нив како слободен играч.
Менаџерот на „чеканите“ Хулен Лопетеги го посакува во својот тим бидејќи тој би бил одлично решение во средниот ред, особено во дефанзивата.
Канте постигна четири гола на 46 натпревари за Ал Итихад, а во текот на кариерата настапуваше за Лестер и за Челси, а претходно за Булоњ и за Каен.
Со „лисиците“ тој сензационално ја освои Премиер лигата во 2016 година, додека со Челси, триумфира во Лигата на шампионите (ЛШ), во Лига Европа (ЛЕ), во клупското Светско првенство (СП) на ФИФА, во Суперкупот на УЕФА и во ФА купот