Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо гостуваше во подкастот на својот поранешен играч Џон Оби Микел.
Поранешниот репрезентативец на Нигерија го праша кој тренер е најдобра во историјата на Премиер лигата, Алекс Фергусон или Пеп Гвардиола.
– Ферги или Пеп? Не можете да споредувате. Има различни генерации, различни тренерски потенцијали. Две историски личности во Премиер лигата. Сепак, за мене најголем тренер е Клаудио Раниери, изјави Мурињо, а потоа даде објаснување.
– Човекот ја освои титулата со Лестер. Тоа е најголемиот подвиг во историјата на Премиер лигата. Пет-шест трофеи со Јунајтед, шест или седум со Сити е одлично, но Раниери и неговата работа со Лестер не се споредуваат со ништо. Тоа е најголемата победа, заклучи Мурињо.