Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, кој сериозно се поврзува со враќање на клупата на Реал Мадрид, објави дека никој од обиј клуб не контактирал со него.
-Никој не разговарал со мене за Реал Мадрид. Тоа го гарантирам. Во фудбалот сум многу години и сме навикнати на вакви работи, но нема ништо конкретно од Реал Мадрид“, изјави Португалецот.
„Да ја напуштам Бенфика на лето? Имам уште една година од договорот со клубот и тоа е тоа, додаде Мурињо.
– Мојата цел е да го дадам максимумот – повеќе за клубот и играчите отколку за себе. Сега следува натпревар со Фамаликао, потоа со Брага, па со Ешторил, и потоа ќе продолжам да работам уште малку, па дури потоа ќе дојде одморот, продолжи тој.
– Колку подолго еден тренер останува во одреден клуб, толку повеќе тимот станува негов. Тоа е нормален процес. Погледнете ги примерите како Арсенал и Манчестер Сити, кои имаат ист менаџер шест или седум години. Тренерите кои доаѓаат и си заминуваат многу потешко оставаат свој печат, заклучи искусниот стратег.