Мурињо ги прозва Португалците по елиминацијата од ЕП, го спомна и Роналдо

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изјави дека е разочаран од игрите на португалската репрезентација на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Португалија во групната фаза забележа две победи и еден пораз, а потоа во осминафиналето по подоброто изведување пенали ја совлада Словенија. Португалците потоа беа елиминирани од Французите во четвртфиналето, на пенали.

– Португалија не одигра добро, без разлика што стигна до четвртфиналето. Очекував повеќе и чувствував дека Португалија може повеќе. Квалитетот на тимот е огромен, но тоа не го видовме на ЕП, изјави Мурињо за Спорт ТВ.

Тој потсети дека пред почетокот на ЕП, Португалија беше поразена од Хрватска во пријателски натпревар (1:2).

– Бев на тој натпревар. Немав добро чувство. Тимот не прикажа убедлива игра, а потоа дојде моментот на вистината.

На Португалија сега и’ претстои Светското првенство 2026, освен за двајца ветерани, додаде Мурињо, кој, како што пренесуваат португалските медиуми, алудирал на Пепе и на Кристијано Роналдо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО