Килиан Мбапе ова лето скоро сигурно го напушта ПСЖ и најверојатно ќе стане играч на Реал Мадрид.
Според информациите на Фабрицио Романо, францускиот фудбалер ќе заработува преку 20 милиони евра по сезона. Скоро идентична заработка во моментов имаат уште Џуд Белингам и Винициус Жуниор.
Но паралелно со ова засилување на Реал, фановите на Барселона сонуваат за еден друг играч, за Ерлинг Халанд. Мундо Депортиво тврди дека има сознанија дека во Барселона подготвуваат терен за играчот на Сити.
Според истиот извор, се тврди дека Деко и Рафаела Пимента, се состанале деновиве во Барселона, со цел да овозможат евентуално доаѓање на Халанд во каталонскиот клуб.
Халанд во моментот бил фокусиран само на Манчестер Сити, но идејата за премин во Барселона и не му била така одбивна.