Мото ГП: Мигел Оливеира ќе вози за нов тим следните сезони

Португалецот, Мигел Оливеира потпиша двегодишен договор со тимот на Прима Прамак Јамаха, објавено е на официјалната интренет страница на Мото ГП шампионатот.

Оливеира кој вози за тимот Трахаус е на 13. место во генералниот пласман кај возачите со 60 бода. Тој ќе си замине на крајот од годината и ќе продолжи да вози за Јамаха во 2025 и 2026-та. Оливеира во „кралската класа“ е од 2019 година, а досега забележа пет победи.

– Голема привилегија е да се претставува таков бренд во нашиот спорт како Јамаха. Во текот на годините на напредување и пристигнување во Мото ГП, секогаш со голем ентузијазам гледав на сините мотоцикли.

Сега тоа е реалност и благодарен сум на компанијата Јамаха за довербата во една ваква важна преодна фаза од проектот. Не можев да бидам посреќен бидејќи почнува ново поглавје, изјави Оливеира

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО