Мота е кандидат за тренер на Милан

Тренерот на фудбалерите на Болоња, Тиаго Мота би можел да го преземе тимот на Милан по завршувањето на сезоната, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Мота (41) ја презеде Болоња во септември 2022 година, а има договор со клубот до крајот на сезоната.

Болоња моментално е на шестото место на табелата во Серија А со 36 бодови и натпревар помалку. Три бода ја делат Болоња од четвртата позиција која обезбедува место во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мота е еден од најсериозните кандидати за клупата на Милан, на која сигурно е дека нема да остане Стефано Пиоло.

Тиаго Мота е роден во Бразил и играше за Барселона, Атлетико Мадрид, Џенова, Интер и Пари Сен Жермен. Покрај за репрезентацијата на Бразил, тој настапуваше и за репрезентацијата на Италија.

Мота пред Болоња беше тренер на Специја и Џенова, а наводно е на списокот со кандидати за нов шеф на стручниот штаб на Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО