Селекцијата на Шпанија се гледа како еден од фаворитите за освојување на победничкиот пехар на Европското фудбалско првенство во Германија. Иако добрите познавачи на „бубамарата“, тврдат дека „Фуријата“ има квалитет да стигне до финалето, капитенот на Шпанија, Алваро Мората, вели дека не смее да има притисок врз играчите.
-Последен пат бевме елиминирани во полуфиналето а претходно во 1/8-финалето.. Да се освои Европското е тешко но, имаме одличен тим. Свесни сме дека ќе биде тешко – потенцираше Мората за официјалниот сајт на УЕФА.