Мората ги пропушта дуелите со Интер во ЛШ?

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората го повреди коленото на мечот Севилја – Атлетико Мадрид (1:0) и постои голема веројатност да ги пропушти претстојните натпревари против Интер во Лигата на шампиони (ЛШ).

Шпанецот беше принуден да го напушти теренот во 46. минута, а Атлетико потврди дека поранешниот напаѓач на Јувентус го повредил десното колено.

При заминувањето од теренот Мората беше придружуван од медицинскиот персонал на екипата, и се чини дека нема да се опорави навреме за осминафиналето во ЛШ.

Првиот натпревар се игра на „Џузепе Меаца“ во Милано, на 20 февруари, а реваншот во Мадрид е на 13 март. Мората има одлична сезона, постигна 19 гола на 32 натпревари во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО