Шпанецот Алваро Мората (32) е првиот избор за предводник на нападот на Милан, откако пропаднаа преговорите со Џошуа Циркзи, кој ја напушта Болоња и ќе замине во Манчестер јунајтед, кој е подготвен да плати 40 милиони, плус 15 милиони евра како провизија.
Сега раководството на Милан се сврте кон шпанскиот капитен, кој ќе игра во финалето на Европското првенство (ЕП) во недела против Англија или Холандија.
Ибрахимовиќ и Фонсека беа јасни уште првиот ден од подготовките за новата сезона, дека новиот број 9 е идентификуван и наскоро ќе биде достапен. Сите индиции водат до поранешниот напаѓач на Јувентус, кој сака да се врати во Италија, земјата на неговата сопруга Алис.