Монтела: Загрижува отсуството на Хакан и на Самет

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела, има големи проблеми во ростерот за денешниот меч со Австрија во елиминацискиот дел на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Тој не ќе може да смета на капитенот, Хакан Чалханоглу и на дефанзивецот, Самет Акаидан, кои се суспендирани поради жолтите картони.

– Ќе бидеме без двајца играчи кои речиси се незаменливи. Секако, тоа малку ме загрижува, но верувам дека има други кои се подготвени да ги заменат и да си ја завршат работата, рече турскиот селектор на прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО