По мечот со Холандија селекторот на Турција Винченцо Монтела изјави дека по овој меч ривалите во иднина кон оваа селекција ќе гледаат со респект.
– Покажавме се што можеме до сега. Имавме многу добар турнир. Победивме во 90 минути исто толку натпревари колку и Холандија и Шпанија. Честитки ни упатија и моите колеги и други фудбалски професионалци.
Имаме многу млади играчи. Тие дојдоа на овој турнир со неверојатен став. Горд сум на моите играчи. Овие играчи ја заслужуваат љубовта што ја добиваат. По ова првенство Турција ќе биде третирана со поголема почит.
Ѓулер? Арда одигра многу добро на овој турнир. Никогаш порано не играл толку постојано на ова ниво. Ова е големо искуство за него. Уште нема ни 20 години. Ќе стане уште подобро со искуство.Наша цел сега е Лигата на нации на УЕФА, која започнува во септември. Потоа следуваат квалификациите за Светското првенство во 2026 година, изјави Монтела.