Македонскиот олимписки комитет (MOK) преку социјалните мрежи прави промоција на спортистите што ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри (ОИ) во Париз што ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.
Анастасија Мојсовска на ОИ ќе настапи во стрелаштво, во дисциплината 10 метри воздушна пушка, натпревар кој на програмата на Игрите на 27 јули.
– Настапот на Игрите во Париз за мене претставува остварување на спортскиот сон и освојување на уште еден спортски врв кој мене ме оформува како професионален спортист-стрелец.
Чувството е феноменално, неизмерно сум среќна што еве баш јас сум дел од олимпискиот тим и ја имам шансата да ги претставувам боите на нашата држава.
Посакувам квалитетен, светски резултат за кој сум спремна, и со кој достојно ќе се претставим на Игрите, изјави Мојсовска.