На Олимписките игри во Париз денеска настапи првата македонската репрезентативка. Анастасија Мојсовска во дисциплината стрелање со воздушна пушка од 10 метри го освои 31. место во конкуренција на 43 натпреварувачки.
Мојсовска настапот го заврши со 625,3 круга што е за три круга послабо од нејзиниот најдобар резултат, а за пласман во финалето беа потребни најмалку 631,3 круга.
“Во текот на натпреварот добро се координиравме и сите серии беа над 104, освен една со што оствари највисок резултат на едни Олимписки игри во дисциплината пушка.
Позади нас оставивме европски и светски прваци како што се Чешка, Велика Британија, Америка, Германија, Бразил”, изјави селекторот Тасевски.