Модриќ тргна кон судијата – незадоволен поради неговата одлука (ВИДЕО)

Барселона и Реал Мадрид го одиграа синоќа пријателското Ел Класико, а резултатот или победата им припадна на Каталонците, кои победија со 2:1.

Но овој меч беше прекинат во еден период од играта, поради силно невреме и големи грмотевици. Во центарот на вниманието се најде Лука Модриќ, кој не беше баш најсреќен поради одкуката на судијата.

На Метлајф стадионот кој е инаку дом на Њујорк Џајант, го гледавме овој меч, кој го добија Каталонците. Јунак на победата беше Пау Виктор, кој играше брилијантно и им ја обезбеди победата.

Натпреварот на овој стадион го гледаа преку 80 000 гледачи, а главниот судија во 12. минута покажа дека мечот ќе биде прекинат и дека играчите мора да заминат во соблекувалните.

Но таквата одлука не им се допадна премногу на играчите од двете екипи, најголем револт поради таа одлука покажа Лука Модриќ, кој првично одби да ја прифати одлуката на судијата.

– Ајде да играме, нема ништо лошо да се случи, му зборуваше Модриќ на судијата, но таа негова порака не беше уважена.

Прекинот на мечот се покажа како добра одлука бидејки силното невреме продолжи, па потоа мечот беше доигран, а неколку громови удрија и во самиот стадион, но за среќа навивачите веќе беа ги напуштиле трибините.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО