Модриќ го продолжи договорот со Реал

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид. Модриќ ќе истане во Реал до јуни 2025 година.

Следната сезона ќе биде 13. за Модриќ (38) во Реал. Во клубот дојде од Тотенхем дојде во 2012 година за 35 милиони евра.

Оттогаш, тој стана легенда на најголемиот клуб и еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата.

Модриќ освои се со Реал и со 26 пехари (заедно со Начо) стана фудбалер со најмногу трофеи во историјата на клубот. Во 20218 година ја доби Златната топка.

Тој одигра 534 натпревари, постигна 39 гола и забележа 86 асистенции.

За да остане во Реал одбил и богати понуди од САД и Саудиска Арабија и прфатил да игра за значително помала плата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО