Македонската женска ракометна репрезентација вечерва го игра натпреварот од 3.коло од квалификациите за Европското првенство 2026. Македонските ракометарки гостуваат на Белгија.
– Ќе дадеме се од себе, а со борбена игра која треба да клучна на овој натпревар, но и на саботниот дуел во Куманово да стигнеме до позитивен резултат. Мора да одиграме добра одбрана и така да стигнеме до победа, изјави македонската репрезентативка Ива Младеновска.
Натпреварот против Белгија се игра вечерва (почеток 20:10 часот) во Хаселт, додека двете репрезентации дуелот од 4.коло ќе го играат в сабота во Куманово кога македонската репрезентација ќе ја има улогата на домаќин.
Фото:МИА