Митревски: Во мислите ни се победи против Естонија и Литванија

Македонскиот репрезентавен голман Никола Митревски е еден од најискусните ракометари во доставот на ракомеѕтната селкција во последните мечеви од квалификациите за ЕП 2026.

-На двете средби сме фаворити, најважно е да победиме, а математиките да ги оставиме на страна. Мислам дека со две победи ќе бидеме меѓу четирите најдобри третопласиани селекции кои ќе играат на ЕП 2026. Иако сме хендикепирани со повреди, поквалитетни сме и верувам дека ќе обезбедиме место на шампионатот. Први ривали се Естонците, секако дека ќе сакаат да одиграат добар меч исто како во Скопје. Видовме дека загубија неколку меча во квалификациите од Словенија и Литванија. Имаме повеќе информации за нив и очекувам победа., изјави Митревски.

Натпреварот меѓу Естонија и Македонија се игра на 8 мај, додека дуелот Македонија – Литванија е закажан на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО