Ракометниот голман Никола Митревски, го најави дуелот против Фуксе Берлин во рамки на Лигата на шампионите.
-Засега подготовките одат во најдобар ред. Го очекуваме вицешампионот на Германија, една од најсилните екипи во Европа и за нас тоа е нова шанса за докажување. Ни претстои прв натпревар на домашен терен, очекуваме полна сала и огромна поддршка од публиката и од „Чкембарите“. Со нив ќе се обидеме да го оствариме она што не успеавме на претходниот натпревар, рече Никола Митревски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра во салата „Боро Чурлевски“ во среда од 20:45 часот.