Капитенот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Анџелика Митрашиновиќ, се надева на позитивен резултат на вечерашното гостување во Славонски Брод против Хрватска.
– Покажавме сите во репрезентацијата како треба да се бори за националниот дрес. Фокусирани сме на наредниот натпревар. И да се обидеме да дојдеме до победа на гостувањето во Хрватска. Колку што знаеме тие имаат проблеми со повреди. Нивниот најдобар играч се повреди на средбата со Грција, па репрезентацијата на Данска го искористи тоа, и победи овде во Славонски Брод. Сметам дека и ние треба да го искористиме тој момент, секако, под услов да се со истиот ростер, смета Митрашиновиќ.
Пред вечерашниот меч, сите четири селекции од Ф-групата имаат идентичен скор – една победа и еден пораз.
На другиот натпревар од 3.коло во оваа група во квалификациите за Евробаскет 2027 се среќаваат Данска и Грција (почеток 18:30 часот).
Фото: КФСМ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: