Марко Митев одигра добар натпревар против Франција на отворањето на ЕП во средата во Дизелдорф, постигна три гола и беше еден од најзабележителните во македонската репрезентација и покрај убедливиот пораз.
В недела во второто коло во групата А во Берлин, Македонија ја очекува уште еден тежок меч против домаќинот Германија.
-Ќе биде тешко, тие се домаќини, ги сметаат за фаворити, нас за аустсајдери. Ги анализираме, имаат добри , но и лопи страни што ќе се обидеме да ги откриеме и да ги искористиме. Добри се во одбраната, имаат одлични голмани, физичку се доста сили, тоа се виде на средбата со Швајцарија. Ќе дадеме се“ од сбете на тој меч. Јас сум задоволен од мојата игра, од тоа како напредувам. Сметам дека со напорна работа многу може многу да се постигне, истакна Митев.