Мисија која била во главата на Човиќ: Кабокло и Алекса Аврамовиќ во Црвена Звезда

Ова лето во КК Партизан се случија коренити кадровски промени, односно скоро сите играчи го напуштија тимот и дојдоа нови.

Во интервју за медиумите во Србија, првиот човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ, откри дека во еден момент размислувале за ангажман на Алекса Аврамовиќ, човекот кој ова лето го напушти исто така Партизан.

– Искрено, размислувавме за Алекса, но со нашите навивачи се договоривме дека веќе нема да правиме трансфери од Партизан. Мислам дека Алекса е одличен човек и играч, така да, жалам. Можеби еден ден, но сега, не, порача Човиќ.

Исто така потенцира дека размислувале и за Кабокло уште овој пред да пристигне во Партизан.

– Се зборуваше за цифри од 900.000 евра, милион, размислувавме за Бруно уште пред тој да дојде во Партизан, но прекинавме потоа да размислуваме за него, се надоврза Човиќ.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО