Миовски: Против големите селекции играме подобро

Во екот на подготовките за претстојните два пријателски меча со Хрватска и Чешка, нашата репрезентација полека подготвува стратегија и за двата дуела. За очекувањата од подготвителните средби овој јуни денеска со своја изјава и нашиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски.

-Хрватска е исклучителна репрезентација, секогаш во врвот на големите натпреварувања. Одличен тест за нас да видиме на кое ниво сме, знаеме дека секогаш играме одлично против големи селекции и се надевам дека така ќе биде и овој пат. Ќе ни недостасува капитенот Барди, но во средниот ред имаме одлични млади фудбалери, ова е одличен тест и за нив, смета Миовски.

Денеска во репрезентацијата се приклучија Велковски, Шишковски и Ашковски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО