Нил Ворнок (75) ќе биде привремен менаџер, до крајот на сезоната, на шкотскиот Абердин, тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Ворнок, човекот кој треба да го замени сменетиот Бери Робсон, има огромно искуство, од 1981 година па досега. Абердин би бил 17-от клуб на Ворнок во долгата кариера, со рекордни 1.626 натпревари на тренерската клупа во британскиот фудбал!
-Последниве неколку години „гаснев пожари“. Отсекогаш уживав во предизвикот да одам во клуб каде што самодовербата е ниска и да ги вратам работите во нормала. Никогаш не сум влегол во соблакувална и не сум рекол „ќе играме вака“. Се трудам да отстранам колку што можам повеќе слабости. И натаму сметам дека 90 до 95 отсто од успехот е менаџирањето со луѓе, извлекување на најдоброто од она што го имате, изјави Ворнок.
Тој доѓа во тим со слаби перформанси, и тим што победи на само шест од 22 натпревари во шкотската Премиер лига сезонава. Абердин е осми на табелата, шест бода над местото во плеј-офот за испаѓање и осум бода од четвртото место.
Една од најсветлите точки во тимот на Абердин секако е Бојан Миовски, кој сезонава даде 19 гола во сите конкуренции.
Првата задача за Ворнок треба да биде утрешното тешко гостување на Ренџерс. Но потоа следува серија од три домашни натпревари.