Мингеса ќе се врати во Барселона?

Дефанзивецот на Селта, Оскар Мингеса, има одлична сезона со тимот од Галиција и би можел следната сезона да заигра во екипата на Барселона. Каталонците ја следат ситуацијата околу дефанзивецот и доколку решат да го ангажираат ќе бидат во пол-позиција во однос на останатите кандидати.

Причината е што Мингеса е поранешен играч на „блауграна“ и во зделката со клубот од Виго во договорот била ставена клаузула за иден откуп и 50 проценти на идната продажба. Доколку Селта испадне, Мингеса ќе има опција да го напушти клубот и да потпише со друг тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО