Милан може да се откаже од Лопетеги поради незадоволство на навивачите

Раководството на Милан може да го преиспита планот да го покани шпанскиот стручњак Хулен Лопетеги на местото нов тренер на Росонерите поради негативната реакција на навивачите на ваквите гласини. Ова го пренесува „Milan News“ повикувајќи се на познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, раководството на Милан е многу чувствителнп на мислењето на навивачите на клубот, па уште еднаш ќе анализираат дали вреди да го отпуштат сегашниот тренер Стефан Пиоли и да го поканат Лопетеги да го заземе неговото место. Милан не сака да направи грешка при изборот на нов тренер за тимот.

Да потсетиме, претходно во медиумите се појави информација дека некои навивачи на Милан почнале да креираат петиции против поканата на шпанскиот стручњак во клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО