Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Софијан Амрабат сигурно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Мароканецот е на заем од Фиорентина до крајот на сезоната, но не ги оправда очекувањата и од „Олд Трафорд“ веќе одлучија да не ја активираат откупна клаузула.
Речиси е сигурно и дека 27-годишниот фудбалер нема да остане кај „виолетовите“, на „Артемио Франки“. Таквата ситуација будно ја следи Милан кој е заинтересиран да го ангажира по завршувањето на сезонава.
Амрабат никако не можеше да се вклопи во шемата на Ерик тен Хаг и беше солидна резерва во последно време. Од почетокот на сезоната тој забележа 22 настапи во сите натпреварувања, без постигнат гол или асистенција.
„Росонерите“ сигурно ќе се засилуваат во средниот ред летово, имајќи го на ум, пред се’, играчот од средниот ред на Торино, Самуеле Ричи, открива експертот за трансфери Руди Галети.