Милан е новиот лидер во Серија А

Фудбалерите на Милан се нови лидери во Сериа А по вечерешната голема победа над Фиорентина на „Сан Сиро“ со 2:1.

„Виолетовите“ поведоа со 0:1 со голот на Робин Госенс во 55. минута, но „росонерите“ реагираа брзо и израмнија преку Рафеал Леао во 63. минута.

По големиот притисок на домаќините, во финишот на мечот беше досуден пенал за Милан, кој Леао успешно го реализираше и донесе важна победа на својот тим.

Со овие три бода, Милан сега е на врвот на табелата со еден бод предност пред Интер, Наполи и Рома.

Ова е петта победа за Милан во новата сезона и нов поттик пред претстојните дерби натпревари во лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО