Михаил Милевски е нов фудбалер на Охрид

Второлигашот Охрид го претстави Михаил Милевски како нов играч за пролетниот дел од Втората лига.

Станува збор за 21-годишен фудбалер кој може да покрива повеќе позиции во делот од средината и одбраната. Битолчанецот во Охрид доаѓа од хрватскиот тим Младост Клоштар, а има настапувано и за Пелистер и Кит Го Пехчево.

Охрид пролетниот дел го отвори со пораз од екипата на Башкими на домашен терен со 0:2, а во следното коло ќе игра езерско дерби против Караорман.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО