Синоптичарите предвидуваат силни дождови за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри (ОИ) вечерва на отворено во центарот на Париз. Еден метеоролог тоа дури го нарече „катастрофа“!
Повеќе од 300.000 гледачи се очекува да бидат на бреговите на реката Сена, со спортисти на флотила од бродови и речни чамци, како дел од екстравагантната церемонија на отворање што ќе ја следат повеќе од милијарда луѓе натв екраните и на друи платиформи.
Вечерва од 18 часот до полноќ се очекуваат околу 30 мм врнежи од дожд за време на тричасовната церемонија на која присуствуваат светски лидери и познати личности. Националниот метеоролошки синоптичар Метео Франс исто така очекува дожд во петок навечер.
– Сценаријата од последните неколку дена во кои се споменуваа ризици од врнежи се потврдуваат до крајот на денот, пишува тој на интернет страницата.
Игрите почнаа лошо денеска, пред зори, откако саботери ја нападнаа француската мрежа за брзи возови ТГВ во серија напади низ целата земја, предизвикувајќи хаос во патувањето неколку часа пред церемонијата на отворање.
Македонското знаме на иотворањето ќе го носат таеквондистката, Милијана Рељиќ и маратонецот, Дарио Ивановски