Меси и Лаутаро донесоа рутинска победа за Аргентина против Ангола

Фудбалската репрезентација на Аргентина рутински ја победи Ангола со 2:0 во пријателски натпревар одигран во Луанда.

Првиот гол го постигна Лаутаро Мартинез во 43. минута по асистенција на Лионел Меси, додека во 82. минута Меси го искористи несебичното проигрување на Мартинез за конечни 2:0.

Аргентина ја контролираше играта од почетокот до крајот, а триумфот ја зацврсти репутацијата на „гаучосите“ како силна селекција пред претстојните квалификации и турнири.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО