Меси го пропушта Ол-стар натпреварот во МЛС

Аргентинскиот фудбалски мајстор Лионел Меси (37) поради повреда ќе го пропушти Ол-стар натпреварот во МЛС, закажан за 25 јули во Колумбус, Охајо.

Напаѓачот на Интер Мајами го повреди скочниот зглоб пред осум дена во финалето на Копа Америка во победата на Аргентина против Колумбија (1:0) и се’ уште не се опорави. Меси требаше да го води тимот на МЛС против најдобрите играчи од мексиканската Лига МХ.

Тоа требаше да биде деби за 37-годишниот „Гаучо“ на Ол-стар натпреварот откако му се приклучи на Интер Мајами во јули 2023 година, по блескавата кариера во Европа. Меси годинава на 12 натпревари постигна 12 гола и забележа 13 асистенции.

На Ол-стар мечот нема да настапи ниту клупскиот колега на Меси, Уругваецот, Луис Суарез (37) поради повреда на коленото.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО