Мекинро за случајот Синер: „Стандардите и правилата треба да бидат исти за сите“

Легендата на светскиот тенис, Американецот Џон Мекинро изјави дека бил изненаден и шокиран од информацијата оти Јаник Синер двапати бил позитивен на допинг тест.

Актуелниот светски тенисер број 1, бил позитивен при допинг контролата во март годинава, на турнирот во Индијан Велс. Но, и покрај тоа, тој не беше суспендиран, туку му беа одземени само 400 поени и 300.000 долари што ги освои на турнирот.

За целиот случај обвинет е физиотерапевтот на Јаник Синер која без знаење на тенисерот во неговото тело внел компромитирачка супстанца!

– Не знам доволно за Антидопинг-одделот за да знам што се случува таму, да бидам искрен. Само што се појави веста. Секако дека е изненадувачки и шокантно во моментов, особено за мене, бидејќи се случило во март. Минаа шест месеци. Ова е прв пат некој, барем колку што знам, да слушне за тоа, изјави Мекинро за ЕСПН.

Мекинро потсети на случајот со романската тенисерка, Симона Халеп.

– Не знам како прават разлика меѓу еден човек кој вели дека намерно не земал забранета супстанца, а потоа суспендира некој друг што го кажува истото. Мислам дека Халеп го кажа истото и беше суспендирана на 18 месеци. Не знам како носат вакви одлуки.

Се разбира, од перспектива на играчот, вие сакате стандардите да бидат исти за сите. Станува збор за момче кое моментално е број 1 во светот на АТП ранг листата. Ова е изненадувачка вест за сите нас, додаде Мекинро

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО