Австралискиот пливач Камерон Мекевој ѝ донесе нов златен медал на Австралија на Летните олимписки игри, откако беше најбрз на најкратката трка во олимпискиот базен.
30-годишниот пливач беше најбрз во финалето на 50 метри слободно и со тоа го освои својот прв златен медал на ЛОИ во Париз со време 21.25 секунди.
На втората позиција заврши Бенџамин Прауд од Велика Британија, кој заостана само пет стотинки зад најдобриот. Бронзениот медал му припадна на домашниот пливач Флорент Манадуоу, кој на задоволство на домашната публика имаше трето најдобро време 21.56 секунди.