Мејсон Маунт аут до март

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт ќе пропушти околу десет недели, што значи дека нема да може да игра за „црвените ѓаволи“ до март. Вакви информации излегоа на страници во социјалните мрежи, кои се посветени на клубот од „Олд Трафорд“. Се уште нема официјална потврда од клубот.

Тоа е уште еден удар за 25-годишниот играч од средниот ред, кој само што успеа да се врати во разумно добра кондиција, а Рубен Аморим му даде доверба да започне во дербито на Манчестер Сити. Сепак, тој се повреди во 14. минута и беше заменет со Коби Мајну. По повредата, менаџерот на Јунајтед изјави дека Англичанецот ќе биде надвор од терените неколку недели. Сега се појави информација дека тетивата на Маунт е повредена и ќе му требаат десет недели за да се опорави.

Маунт нема одиграно цели 90 минути во Премиер лигата од јануари 2023 година, кога сè уште беше играч на Челси. Вчера од трибините на „Олд Трафорд“ го проследи поразот од Борнмаут (0:3).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО