Напаѓачот на Сантос, Нејмар, ќе потпише нов договор со бразилскиот клуб, јавија денеска бразилските медиуми.
Според истите извори, 33-годишниот Нејмар, наводно, ќе стави потпис на нов договор до крајот на 2026 година.
Нејмар се врати во Сантос во јануари 2025 година, откако претходно настапуваше за Ал-Хилал, ПСЖ и Барселона.
Во сезоната 2025 година, одигра 28 натпревари и постигна 11 голови, додавајќи четири асистенции.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: