Килијан Мбапе е разочаран и самокритичен по елиминацијата на Франција во полуфиналето на Европското првенство (ЕП). Во мечот меѓу најголемите фаворити Шпанија победи со 2:1, а капитенот на Франција не беше на највисоко ниво за време на ЕП.
Една асистенција за гол и еден автогол, како и еден гол од пенал се малку за еден од најдобрите играчи во светот. Факт е дека за ова може да најде оправдување во вид на скршен нос, поради што до полуфиналето играше со маска, но Мбапе тоа не го потенцира како олеснителна околност.
– Или си добар за фудбал или не. Јас не бев добар. Ова ЕП за мене беше неуспех. Сакав да станам европски шампион, но сега одам рано на одмор.
Одам да се одморам, тоа ми треба за да се подготвам и да почнам нов живот, ме чекаат многу нови работи, изјави Мбапе, осврнувајќи се на фактот дека следната недела ќе биде претставен како играч на Реал.
Новинарите го прашаа и дали нешто треба да се смени во репрезентацијата на Франција.
– Јас не сум тренер, тоа е прашање за него. Не можам да дојдам овде и да кажам што треба да се промени. Јас треба да бидам најдобрата верзија од себе за моите соиграчи. Тоа е прашање до тренерот, рече Мбапе.