Матијас Де Лихт на чекор до преселба во Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас де Лихт, се согласи да се пресели во Манчестер Јунајтед. Во последните денови агентот на Холанѓанецот, Пимента преговараше за личните услови за неговиот клиент, кои се очекува да нема проблем.

За Де Лихт приоритет се „црвените ѓаволи“, пишува Фабрицио Романо.

Сега е време Манчестер Јунајтед да се договори со Баерн, што изгледа дека ќе биде лесно. Баварците сакаат да се разделат со Де Лихт бидејќи тој заработува многу висока плата и исто така често пати од повреди. Матијас де Лихт е дел од Баерн од летото 2022 година, кога беше донесен од Јувентус.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО