Мартин Велковски го пропушта крајот на квалификациите за ЕП 2026

Македонија остана без еден од ракометарите на бековската позиција за квалификациите за ЕП 2026, затоа што се повреди Мартин Велковски.

Десниот бек не настапи на последниот дуел за Алкалоид против Вардар 1961, па утврдено е дека поради повреда нема да може да и помогне и на репрезентацијата.

Македонија во последните два меча од циклусот игра на гости со Естонија и на домашен терен со Литванију, а потребни ни се две победи за да останеме во игра за место на собирот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО